Деновиве во организација на ЗСРРК МРЕНА Крива Паланка а по повод празникот на градот на езерото Гого Монд се одржа традиционалниот Куп натпревар во риболов на пливка за 2025 година. На истиот покрај екипи од нашата држава учество зедоа и натпреварувачи од соседните земји.

Во екипно натпреварување првото место го освои екипата на Оскар од Кавадарци, втора беше екипата на Мрена – ветерани,а трето место го зазема екипата на Кркушка од Велес.

Ова Спортско риболовно друштво постои повеќе од половина век и бележи успешни резултати во своето работење.

Инаку од таму информираат дека од 01 овој месец започна забраната за риболов на пастрмка во риболовниот ревир Крива река 1 – Кривопаланечки и истата ќе трае до 15 февруари идната година.

„Сите оние кои ќе бидат фатени како ловат риба во забрана ќе бидат најостро санкционирани без опомена со пријава. Целта е што повеќе да го заштитиме риболовниот фонд за долготрајно уживање во овој спорт, соопштија од ЗСРРК МРЕНА Крива Паланка.


