На Годишното собрание ФФМ усвои ново лого
Фудбалската федерација на Македонија денеска во Скопје го одржа редовното Годишно собрание на кое донесе неколку одлуки меѓу кои и изборот на ново лого. Покрај новото лого, со измените на чл. 3 од Статутот на ФФМ од денеска ФФМ ќе има и ново знаме и нов слоган. Новиот слоган на ФФМ е „Обединети од радоста што ја носи фудбалот“. На собранието се усвоија и Извештајот на независниот ревизор, Завршната сметка за 2013 година, како и Буџетот на ФФМ за оваа година.
Собранието почна со оддавање почит на трагично загинатиот директор на репрезентацијата, Петар Милошевски.
]]>


