На социјалните мрежи се изразува благодарност кон вториот македонски донор на срце

Во изминатите 24 часа се направени три успешни трансплантации од починат донор на клиниките за кардиохиругија и урологија.

Донор е 20-годишната Верица Белчовска, која загина во сообраќајна несреќа, а нејзиното семејство одлучи да ги донира органите.

Во текот на ноќта и претпладнево успешно беа завршени трансплантацијата на срце кај 22 годишено момче, трансплантацијата на првиот бубрег кај 27-годишен пациент, а за првпат во историјата на македонското здравство е извршена и експлантација на коски и коскени ткива од починат донор кои од понеделник ќе бидат аплицирани кај пациенти.

Успешно е завршена и трансплантацијата на вториот бубрег кај 40-годишен пациент.

Ова е втора трансплантација на срце извршена од починат донор во земјава. Трансплантацијата е направена од тимови од Државната клиника за кардиохирургија и од Клиниката „Жан Митрев“.

Сочувство до семејството на донорот денеска изрази таткото на 22-годишното момче Иле Стрезовски, на кое во раните утрински часови му беше трансплантираното срцето од 20-годишната Белчовска.

Благодарност кон Белчовска се изразува и на социјалните мрежи, а голем број корисници на социјалната мрежа Фејсбук на профилната фотографија додадоа ознака „Во чест на Верица Белчовска. Донор на срце“.

]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести