На територија на цела држава 156 санкции за брзо возење

Во спроведената акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, во текот на вчерашниот ден се санкционирани 156 возачи, соопшти МВР.

Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 73 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 83 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

МИА

Најнови вести

Најново од Хроника