На територијата на цела држава казнети 182 возачи за брзо возење

Во спроведена акциска контрола на територија на цела држава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, во текот на вчерашниот ден санкционирани се 182 возачи, соопшти денеска МВР.

Од нив, шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 80 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 102 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

МИА

Најнови вести

Најново од Хроника