На социјалните мрежи се споделува барање за помош за пронаоѓање на 36 годишниот Владимир од Штип.
„Исчезнат е Владимир од Штип.
Има 36 години, висок и облечен во црни тренерки. Домот го напуштил вчера во 04:00 часот и му се губи секаков траг.
Апел до секој кој има било каква информација, да се обрати во најблиската полициска станица или да контактира некој од неговото семејство“, се вели во апелот.
Благица Бурева, мајка на Владимир, сподели апел во кој бара помош за пронаоѓање на нејзиниот син. Таа тврди дека тој заминал вчера утрото и не се вратил. Во куса изјава за „Скопје1“ посочува дека случајот е пријавен и во полиција.
„Последната локација е Велес. Облечен беше во црна тренерка“, вели Благица Бурева.


