Нафи Абдиоски, политички азилант во Исланд: Избегав од власта, не се трпеше повеќе

„Избегав бидејќи бев психички малтретиран од власта, се ми земаа и немав повеќе каде. Ги земав децата и сопругата и побарав спас во Исланд“

Вака ја започна својата приказна 27 годишниот Нафи Абдиоски -Полат од Патишка река- Скопско. Политички активен, опозиционер и борец против диктатурата на актуелната власт. Неговиот случај е пример за тоа како поминуваат неистомислениците на власта, оние кои не сакаат да се продадат или предадат. Според неговите кажувања претрпел психички малтретирања, дури бил и апсен веднаш после изборите на 11 декември, а во Исланд е дојден на крајот од декември. Сега има дозвола за престој на 5 години, под услов кога ќе се смени власта, да потпише и да замине.

nafi7

-Ова ми е прв пат во 27 години да ја напуштам Македонија, мојата земја. Но без приморан поради тортурата што ја доживeав откако станав член на опозициска партија  и работев за партијата. Два пати ме местеше власта и ме апсеа. Првиот пат, без никави докази дека сум вршел притисок врз гласачите да гласаат за опозицијата, а втор пат за запленето огревно дрво за кое имав документи бидејќи имав фирма  со 50 вработени и годишно на државата и плаќав 30 000 евра. Полицијата ми влегуваше дома во секое време, ми вршеа претрес, ме малтретираа мене, сопругата и трите малолетни деца. Неможев повеќе да издржам, се спакувавме со сопругата и децата и заминавме прво од Косово за Норвешка каде ми пружија азил но ме препратија во Исланд, ми кажаа дека овде би имал престој – раскажува Абдиовски.

nafi3

За Исланд и за жителите на оваа мала држава, зборува се најубаво. Неговото искуство од самото пристигнување на аеродром до сместувањето во хотелот додека добил азил, е исклучиво позитивно.

nafi5

-Кога стигнавме на аеродром во Исланд со сопругата и трите деца, не пречекаа двајца полицајци кои љубезно, културно ми ги ислушаа маките. Им ги дадов моите докази и партиската книшка. Објаснив дека сум опозиција а им ги презентирав и снимките на кои се гледа како ме апсат. Потоа не сместија во стан, ни даде државата ваучери за превоз, и пари за основните трошоци за живот додека не се подготват документите – вели Нафи Абдиовски.

dokument

nafi4

За животот во Исланд вели дека е добар, има работа, мирно е, сите се пријателски расположени, сопругата и децата полека се навикнуваат но вели носталгијата си го прави своето. Тој е учен да дружење со своите другари, пријатели, роднини. Едноставно му недостига неговата земја, како што ја нарекува Македонија.

decinja

dete

-Утре да се смени власта, одма си доаѓам. Јас ја сакам мојата земја, таму ми е најубаво. Таму се моите родители и останатото семејство. Таму сакам да растат и моите деца. Но Македонија да биде слободна држава, да не мора вака да бегаме по светот. Се надевам дека брзо ќе се случи тоа – ја заврши својата приказна Нафи Абдисоки – Полат.

nafi

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести