Доколку е точна веста дека министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска поднела оставка, дека таа оставка е прифатена и дека:
… премиерот веќе испратил предлози до Собранието за нови министри, односно за местото на Јанкулоска го предложил Митко Чавков, актуелниот директор на Бирото за јавна безбедност, а на местото на Јанакиески, е предложен Владо Мисајловски.
тоа значи дека Никола Груевски го прекршува Уставот на Република Македонија според кој:
Член 97
Со органите на државната управа во областа на одбраната и полицијата раководат цивилни лица кои непосредно пред изборот на тие функции биле цивили најмалку три години.
Мирјана Најчевска


