Ова се оние двајцата кои ме навредуваа, омаловажуваа, ја негираа мојата стручност и на крај ме клеветеа дека сум ја продала државата за пари? Ова се гордите патриоти кои истураа врз мене по една кофа фекалии за секоја критика упатена до власта, за секое прашање поставено до власта, за секое барање за контрола над власта и за секој обид да се испитаат евентуални малверзации направени од позиција на власт?
Ова се тие кои не само што ставаат основа на секој можен денешен и иден конфликт, туку кои сеат омраза кон секој што ќе се осмели да излезе надвор од униформата изработена од страна на фашистичката власт под која стенка ова земјиче?
Некој ми спомна пресумпција на невиност. Колку интересно. Најголемите прекршувачи на правото, најголемите насилници, најголемите повредувачи на човековите права и слободи се секогаш први во барањето на своите права, права за себе, почитување на правото кога се тие во прашање. Не ни помислуваа на пресумпција на невиност за сите кои беа жртви на идиотскиот тим за лустрација. Немаше пресумпција на невиност за политичките затвореници, кои уште трулат во затвор. Немаше пресумпција на невиност во спектакуларните апсења на кои беа индивидуално поканети како почесни гости.
Секако, треба да има пресумпција на невиност, меѓутоа само доколку обвинителната постапка ја води независен и објективен јавен обвинител, а не платеник на ВМРО. И, доколку судскиот процес го води објективен и независен судија, а не платеник на ВМРО.
Јас сум за примена на правото, и до последен здив ќе се борам за примена на правото. Но не и на законите кои се спротивни на правото а кои оваа власт ни ги подметнува во опаковка на право. Јас сум за тоа институциите да ја извршат работата за која постојат. Меѓутоа, институциите кои ги исполнуваат минималните стандарди на една демократска држава. Но не и за имитациите од пластика за кои не убедуваат дека се полно дрво.
Заради ова, јас сум против тоа на било кој од овие ликови да им се суди во дадениот момент. За нив треба да се собираат податоци и да градат случаи кои треба да бидат поведени и завршени при првата промена на власта.
Бриф.мк избор: Фејсбук статус на Мирјана Најчевска
]]>


