Кај факултетско стопанство во скопското село Трубарево, минувач вчера забележал тело на непознато женско лице на возраст од околу 50-55 години. Смрт е констатирана од доктор од Итна помош, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител над телото на починатата ќе се врши обдукција.
Истиот ден во велешката полиција се јавил Р.С. (40) од Велес кој пријавил дека во куќа на улица Јордан Џурнов , сопственост на неговата тетка Р.С. (66), го пронашол починат неговиот вујко Џ.И. (62) од Велес. Телото на починатиот е предадено за обдукција.


