Најголемата измама на Бостонскиот маратон Rosie Ruiz

Rosie Ruiz, ова име стана синоним за измама кога претставниците на маратонот во Бостон ја оспорија нејзината победа на трката која се одржала на 20 април 1980 година, откако утврдиле дека таа мамела на околу една милја од целта.

По нејзината победа, набрзо почнале да се појавуваат сомнителни моменти. И додека едни  тврделе дека за време на маратонската трка ја виделе кај метростаницата други пак излегле со тврдење дека воопшто и не ја виделе за време на трката. Сомнеж на целиот настан фрлил и фактот што патеката која била долга 42 километри Rosie Ruiz ја поминала без да се испоти или пак уморна да стигне до целта. Бидејќи пристигнала без знаци на умор, а и подоцна кога и бил измерен пулсот кој покажал 76 отчукувања во минута, титулата и била одземена  дури  кога се појавиле сведоци кои ја виделе како се втурнала на патеката истрчувајќи од публиката.

За ваквата измама Rosie Ruiz не понела никаква одговорност, но две години подоцна е обвинета за кражба на пари во фирмата во која била вработена. Интересно е што никогаш не признала како мамела на Бостонскиот маратон.

 Rosie почина во август 2019 година на 66 годишна возраст.

Eдeн од најпознатите и најпрестижните натпревари во светот,  Бостонскиот маратон е најтрадиционалната трка на долги патеки на планетата. Овој маратон се одржува секоја година а патеката е долга 42 километри.

Најнови вести

Најново од Магазин

Најчитани вести