Франција, која се соочува со третиот бран на пандемија на коронавирусот, најголемиот стадион во земјата ќе го користи како центар за вакцинација, пренесе Анадолија.
Францускиот национален стадион „Стад де Франс“, од април ќе се пренамени во центар за вакцинација против Ковид-19.
На овој стадион илјадници луѓе ќе бидат вакцинирани секоја недела, соопштија властите на Франција.
Според официјалните податоци, повеќе од половина од населението постаро од 75 години во тој регион веќе примило вакцина против Ковид 19.
Од друга страна, според анкетата на весникот „Ле Фигаро“, скоро половина од Французите се противат на едномесечниот полициски час што стапи на сила денес во 16 региони на земјата, вклучително и во главниот град Париз.
Според порталот „Worldometers“, досега во Франција биле регистрирани 4.216.695 случаи на заболени со коронавирус и 91.964 смртни случаи поврзани со Ковид-19.
]]>


