Најстудено утрово на Попова Шапка – најмногу дожд во Гевгелија

Утрово најстудено е на Попова Шапка каде се измерени -3 степени.

Следуваат -2 во Ѓуриште, -1 во Mаврови Анови, 0 во Пожаране, Крива Паланка, 1 во Лазарополе, Kрушево, Виница, Тополчани, Тетово, Берово, Штип, 3 во Прилеп, Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Велес, Битола, Кавадарци, 4 во Струмица, Демир Капија, 5 во Охрид и 6 во Претор, Гевгелија.

Најмногу врнежи од дожд во последните 24 часа имало во Гевгелија 23 l/m2.

20 l/m2 имало во Попова Шапка, 17 Крива Паланка, Штип, 13 Скопје-Петровец, Лазарополе, 12 Виница, Берово, 10 Ѓуриште, 9 Mаврови Анови, 8 Kрушево, Пожаране, 7 Тетово, 6 Скопје-Зајчев Рид, 4 Охрид, Велес, 3 Струмица, Битола, 2 Кавадарци, Демир Капија, 1 Прилеп, Тополчани.  

Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а наместа во западните делови повремено засилен западен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести