Наместо нова возачка – СМС известување за почеток на забраната за возење

Со почетокот на функционирањето на системот „Безбеден град“ доколку граѓаните кои имаат изречена забрана за управување со моторно возило отидат во просториите на МВР не им се зема дозволата и не се упатуваат за издавање нова со впишана забрана, туку само добиваат известување кога таа почнува да им тече. Досега 3.000 граѓани доброволно отишле во просториите на МВР да го регулираат прашањето со изречена забрана, а дополнително вкупно околу 50.000 такви забрани кои биле изречени во изминатите години треба да бидат процесуирани.

-Ова веќе функцонира. По правосилна пресуда која претходно била изречена, пред стапување во сила на пакетот закони поврзани со „безбеден град“ и по констатиран сообраќаен прекршок по којшто следи забрана, а притоа сторителот се согласил со самата забрана, не повел судска постапка, МВР на сите оние кои дошле во просториите на МВР, повеќе не им ја зема возачката дозвола, па да треба да ги слика одново и на новата да се впише до кога им е забраната. Системот нотира дека имате забрана за управување на моторно возило ви испраќа порака на мобилниот телефон којшто сте го навеле дека од денеска ви тече рок од седум дена кога ќе ќе отпочне забраната за управување на моторно возило. После седум дена, осмиот ден ви стига порака дека од тој ден натаму согласно пресудата која што ви е изречена, во наредни, месец дена, три месеци, шест месеци…, ви е активна забраната за тој временски период од добивање на втората порака додека не ви истечат тие месец, два, три, колку ви е изречена забрана во рамки на пресудата, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. 

По истекот на забраната, додава, граѓаните повторно ќе можат да го управуваат моторното возило, а МВР за сето тоа ќе води евиденција.

– Би сакал да упатам една порака за сите граѓани и за сите полициски службеници дека само во тој временски период не смее да се управува моторното возило. Што значи тоа. Доколку ви е изречена правосилна пресуда или сте добиле санкција преку системов сејф сити, а притоа не сте добиле порака дека истата е активна, односно дека за седум дена ќе стане активна и по вторпат порака дека не смеете да управувате од денеска, вие може да го управувате возилото, вели Тошковски. 

Тој информира оти околу 3.000 граѓани биле процесуирани на ваков начин во изминатиот период.

-Инаку согласно информациите кои ги имам треба да се процесиираат некаде околу 50.000 такви забрани кои биле изречени во изминатите години, а притоа Министерството не ги доставило, ниту пак граѓаните не се обратиле до Министерството, рече Тошковски во „Вечерното шоу со Богдан Илиевски“ на Алфа телевизија.

Тој говорејќи за системот „безбеден град“ рече дека изминатиот период се покажало дека може и ние да се подобриме доколку сакаме. И тоа, рече, е заслуга на секој еден македонски граѓанин.

-Јавно да се заблагодарам до сите коишто ги почитуваат сообраќајните правила, им даваат на значење, и ги вреднуваат сите оние човечки вредности коишто на крајот на денот може да спасат човечки живот, рече Тошковски. 

МИА

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести