Екипата на Наполи за која настапува македонскиот интернационалец Горан Пандев избори пласман во осминафиналето на Лига Европа откако вечерва на домашен терен го победи премиерлигашот Свонси со 3:1.
Пандев играше до 59.та минутa кога беше заменет со Марек Хамшик. Головите за Наполи ги постигнаа: Лоренцо Инсиње (17 минута), Гонзало Игуаин (78) и Гохан Инлер (90+3), а за Свонси стрелец беше Џонатан Де Гузман (30). На првиот натпревар резултатот беше 0:0.
На другите натпревари кои завршија беа постигнати следниве резултати: Рубин – Бетис 0:2 (1:1 прв натпревар), Севиља – Марибор 2:1 (2:2), Салцбург – Ајакс 3:1 (3:0), Базел – Макаби Тел Авив 3:0 (0:0), Ајнтрахт Франкфурт – Порто 3:3 (2:2), Шахтјор Доњецк – Викторија Плзен 1:2 (1:1), Лудогорец – Лацио 3:3 (1:0).
Во тек се натпреварите: АЗ – Либерец (1:0 прв натпревар), Бенфика – ПАОК (1:0), Фиорентина – Ејсберг (3:1), Генк – Анжи (0:0),Тотенхем – Днипро (0:1), Олимпик Лион – Черноморец (0:0), Валенсија – Динамо Киев (2:0), и Трбазон – Јувентус (0:2).
Покрај Наопли во осминафиналето се пласираа уште: Бетис, Базел, Порто, Лудогорец, Салцбург, Севиља и Викторија Плзен.
]]>


