Наполи успеа да ја надомести негативата (2:3) од првиот полуфинален куп-натпревар со Рома, откако синоќа во реваншот на свој терен победи со убедливи 3:0.
Хозе Каљехон во 33.минута ја најави победата на домашните фудбалери кои преку Гонзало Игуаин во 48.минута веќе имаа сигурен резултат кој ги води во финалето. Конечните 3:0 ги постави Жоржињо во 51.минута.
Рома натпреварот го заврши со 10 играчи по исклучувањето на Кевин Стротман во 79.минута.
Противник на Наполи во финалето од „Копа Италија“ ќе биде тимот на Фиорентина кој во полуфиналето го елиминира Удинезе со вкупен резултат 3:2.
Завршниот дуел од ова натпреварување ќе се одигра на 3.мај на „Олимпико“ во Рим.
]]>


