Прeтеседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис изјави дека клубот сака да го задржи голманот Пепе Реина и следната сезона.
– Зборував со Реина и му кажав дека сите ќе бидат наградени доколку завршиме на второто место, но јасно му ставив до знаење дека сакам иследната сезона да остане тука, е пораката од првиот човек на Наполи упатена до голманот.
Реина е играч на англискиот клуб Ливерпул, а во Наполи игра како позајмен фудбалер. Позајмицата завршува на крајот од сезоната по што ќе се види дали Реина ќе ја исполни желбата на Лаурентис.
Во Серија А по 31 одигран натпревар Наполи е трет со 64 бодови, шест помалку од второпласираната Рома која има и натпревар помалку. Прв е Јувентус со 84 бодови.
]]>


