Наполи во следното коло би можел да стане шампион на Италија

Наполи може да стане шампион на Италија во 32. коло од Серија А што ќе се одржи следната недела.

Во дербито на 31.коло, Наполи синоќа како гостин го победи Јувентус со 1:0. Стрелец на голот беше Распадори во 90+3. минута на асистенција на Елиф Елмас.

За да го освојат шампионатот на шест кола пред крајот „Наполитанците“ треба да ја победат Салернитана, а Лацио да загуби или да ремизира со Интер.

Овој трофеј ќе биде прв за Наполи по 33 години. Последен пат клубот стана шампион во времето на Диего Марадона. 

МИА

Најчитани вести