НАТО пресретна иранска балистичка ракета истрелана кон Турција

Балистичка ракета лансирана од Иран насочена кон турскиот воздушен простор е пресретната од силите на НАТО, соопшти денеска Министерството за одбрана на Турција.

Како што се наведува, балистичката муниција истрелана од Иран е неутрализирана со помош на противвоздушната и ракетната одбрана на НАТО распоредена во Источниот Медитеран, пренесува Анадолија.

Во соопштението се додава дека во инцидентот нема жртви или повредени, како и дека Турција го задржува правото да одговори на какви било непријателски дејствија против неа, со предупредување до сите страни да се воздржат од чекори што би можеле да доведат до ескалација на конфликтот.

МИА

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести