Наумов: Оваа власт ќе остави повеќе од пет милијарди евра долг на идните генерации

Изјава на дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Наумов, во врска со аукцијата на државни хартии од вредност закажана за 18.10.2016 година(вторник):

 

Министерот Кирил Миноски објави аукција на државни хартии од вредност со која побарува за 17 пати повеќе средства од долгот што доспева за враќање.

Миноски ја користи последната аукција на државни хартии од вредност објавена пред распуштањето на Собранието на Р.М. на терет на граѓаните да запише нов нето долг.

Оваа власт зад себе ќе остави повеќе од пет милијарди евра долг на идните генерации.

Обидот на Миноски да тргне по патот на неговиот претходник нема да успее.

За сите злоупотреби на граѓаните ќе има одговорност.

Најнови вести

Најново од Економија, Ударни вести

Најчитани вести