Навивачите на Виљареал фрлија солзавец на теренот и го прекинаа натпреварот поради лошото судење

Натпреварот меѓу Виљареал и Селта Виго од 24.коло во фудбалскиот шампионат на Шпанија е прекинат на три минути пред крајот. При водство на гостинската екипа од 1:0 од 83-тата минута со голот на Фабиан Орељана, незадоволни од арбитражата на главниот судија Фернандез Борбалан, навивачите на домашниот тим фрлија гасна бомба (солзавец). Условите за игра беа невозможни по што судијата Борбалан реши да ја прекине средбата.

По пауза од речиси половина час натпреварот односно простанатите три минути како и судиското дополнение беа доиграни. Тоа ништо не смени, барем што се однесува до домашната екипа која наместо да стигне до бод прими уште еден гол и загуби со 2:0

На останатите натпревари одиграни вчера. Атлетико со 3:0 го победи Ваљадолид додека Барселона беше убедлива против Рајо Ваљекано славејќи триумф со 6:0. Леванте минимално со 1:0 ја победи Алмерија.

Денеска ќе се одиграат четири натпревари: Гранада – Бетис, Гетафе – Реал Мадрид, Атлетик Билбао – Еспањол и Севиља – Валенсија, а колото ќе биде комплетирано во понеделник со средбата Малага – Сосиедад. Табела: Барселона 60 бодови, Атлетико Мадрид 60, Реал Мадрид 57 (-1 натпревар помалку), Атлетик Билбао 44 (-1), Виљареал 40

]]>

Најчитани вести