НБРМ: Функционирањето на супервизорските колеџи е редовна практика

 Народната банка на Република Македонија (НБРМ) укажува дека функционирањето на супервизорските колеџи е редовна практика за ефективна банкарска супервизија на меѓународните банкарски групации.

– Нема ништо ново во таа практика, којашто години наназад се спроведува и со грчката и со словенечката централна банка. Причината за учеството во супервизорските колеџи, коишто ја олеснуваат супервизијата на домашните деловни банки што се во сопственост на матични банки од странство, е во одговорноста на НБРМ за финансиската стабилност на земјата, соопшти НБРМ.

НБРМ, се нагласува во соопштението, во својство на регулатор и супервизор на банкарскиот систем и на банкарските активности во земјата, спроведува разни мерки и активности заради стекнување релевантни сознанија за регионалните групации во чија сопственост се македонските деловни банки.

– За таа цел, НБРМ, преку присуството во супервизорските колеџи организирани од супервизорските органи на матичните банки и размената на мислења за профилот на ризик на домашните банки, редовно доаѓа до релевантни нови сознанија коишто се користат за поквалитетна супервизија на тие банки и на банкарскиот систем на Република Македонија во целина, се истакнува во соопштението од НБРМ.

]]>

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести