Повлекувањето на депозитите од банките и зголемената побарувачка за девизи ја натераа Централната банка да ја затегне монетарната политика.По речиси три години,НБРМ ја зголеми основната каматна стапка на благајничките записи за 0,75% однсоно од 3,25 % на 4 % .
Промената на каматата според објаснувањето од тмау е одговор на делувањето на фактори од неекономска природа
„Одлуката за затегнување на монетарната политика е реакција на зголемената побарувачка на девизи и притисоците врз депозитната база на банките, коишто во целост се последица на влошените очекувања на економските субјекти, предизвикани од нестабилната политичка состојба во земјата. Со тоа, промената на каматната стапка е одговор на делувањето на фактори од неекономска природа“, НБРМ
Одлуката на централната банка е очекувана и испрака цврста порака за определбата да се зачува макроекономската стабилност и стабилноста на денарот.Сепак вели професорот Абдулменаф Беџети ќе има и негативни ефекти од неа
По поскапувањето на каматата на благајничките записи,на потег се банките.Дел од нив потврдуваат дека прават интерни пресметки.Не ја исклучуваат можноста за корекција на каматите.
-Имајќи ја во предвид пошироката консталација на збиднувања и зголемената побарувачка за девизи, објавеното зголемување на каматните стапки на благајничките записи може да резултира со придвижување и на активните и пасивните каматни стапки во Банката,доколку овие промени кај благајничките записи се од подолгорочен карактер,Стопанска банка АД Скопје
Текстот во целост на Телма


