Не може да се открие со сите „ПЦР“ тестови: Во Финска откриен уште еден сој на коронавирусот

Уште еден сој на вирусот САРС-КоВ-2 наречен „Fin-796H“ е откриен во јужна Финска, покажало заедничкото истражување на лабораторијата „Вита“ и Институтот за биотехнологија на универзитетот во Хелсинки, пишува „Дневник.хр“.

Студијата посочува дека новата варијанта не може да се открие од сите „ПЦР“ тестови одобрени за употреба од СЗО.

Од лабораторијата посочија дека овој сој го откриле кај пациент кој гја имал токму оваа мутација.

Според епидемиолошките податоци, во Финска досега со коронавирусот се заразиле 51.595 лица, а вкупниот број на смртни случаи е 723. Вчера во Финска имало 548 нови заболени.

]]>

Најчитани вести