Не ви се потребни скапи креми за да се ослободите од старечките дамки: Само нанесете ја оваа природна мешавина од 2 состојки

Иако овие промени се сосема нормален дел од процесот на стареење, за многу жени тие можат да бидат естетска непријатност, пишува Ало.рс.

Со текот на годините, нашата кожа природно поминува низ бројни промени – ја губи еластичноста, станува потенка, а на површината може да се појават старечки дамки и хиперпигментација.

Природата нуди нежни, но ефикасни сојузници во зачувувањето на рамномерен тен и здрав изглед на кожата – тие се на дофат на раката, во вашата кујна и во вашата секојдневна нега.

Одличен природен начин за отстранување на старечки дамки и хиперпигментација на кожата е комбинација од сода бикарбона и рицинусово масло.

Измешајте 50% сода бикарбона со 50% рицинусово масло и нанесете на местата со дамки, темни дамки, мелазма или хиперпигментација. Содата бикарбона го отстранува горниот слој на мртвата кожа, слично како ексфолијант.

Оваа смеса е одлична и за кожата на лактите – оставете ја 10-15 минути, потоа исплакнете и нежно избришете со крпа. Ќе почувствувате како рицинусовото масло длабински ја хидрира вашата кожа, што е особено корисно за рацете.

Исто така е одлична за опуштена кожа, а можете да ја користите на лицето за да го изедначите тенот, како и крем за тело – на рацете, нозете, вратот, градите…

Оваа комбинација е одлична бидејќи сода бикарбона нежно ги отстранува мртвите клетки на кожата и го поттикнува нејзиното обновување, дејствувајќи како природен пилинг.

Рицинусовото масло, од друга страна, длабински ја храни и хидрира кожата, ја подобрува нејзината еластичност и го стимулира производството на колаген, што помага во намалувањето на појавата на старечки дамки и хиперпигментација.

Заедно, овие состојки создаваат природен и ефикасен третман за поздрав и порамномерен тен.

Најчитани вести