Неколку десетици пожари беснеат низ Австралија

Десетици пожари, предизвикани од удари на гром, и денеска беснеат ширум руралните подрачја на јужна Австралија во која се очекува  високите температури во следните еден до два дена да ја влошат ситуацијата.

Во главниот град  на државата Јужна Австралија, Аделаида, во вторникот беа измерени 45 степени Целзиусови, што е блиску до рекордот од 1939 година, кога во овој град температурата изнесувала 46,1 степен Целзиусов.

До вторник во Јужна Австралија беа забележану 350 пожари, а најмалку 14 продолжија да горат и денеска, додека во државата Викторија имало 256 пожари, а 29 и денеска продолжиле да горат, од кои 16 се надвор од контрола на пожарникарите, соопштија претставници на пожарникарските служби во овие држави, пренесоа американските медиуми.

Се очекува најголем ризик од ширење на пожарите да има во петок, за кога метеоролозите најавија силни налети од ветер.

Во Јужна Австралија една жена се здобила со изгореници по рацете додека се обидувала да се спаси од пожарот во својата куќа во Роклеј, а во Викторија лекарска помош им е дадена на десетмина пожарникари заради исцрпеност на организмите од топлината.

Засега нема извештај за висината на материјалната штета.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести