Нема утеха…“: Ана Костадиновска објави заедничка фотографија со колегите од „ДНК“

Придружниот вокал Ана Костадиновска е една од неколкуте членови на „ДНК“ кои го преживеаа разорниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Пред неколку дена, таа се прости со своите колеги, кои трагично го загубија својот живот, со емотивна објава на социјалните мрежи.

„Си замина дел од моето второ семејство. А, заедно со нив, и душава моја. Остана само пепел и празнина. Кој би рекол дека празнината може толку силно да боли?“, напиша Костадиновска тогаш на својот фејсбук-профил.

Сега таа објави заедничка фотографија од целиот музички состав што го придружуваше дуото „ДНК“ на нивните настапи ширум Македонија.

„Нема утеха. НЕМА“, напиша музичарката, искажувајќи ја својата болка по огромната загуба.

Да потсетиме, меѓу 59-те жртви беа пејачот Андреј Ѓорѓиески, придружниот вокал Сара Пројковска, гитаристот Андреј Коларов, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, пијанистот Филип Стевановски, битбоксерот Мартин Атанасовски – Буцо, тонецот Игор Велков и официјалниот фотограф на „ДНК“, Александар Ефремов.

Раперот Владимир Блажев – Панчо и гитаристот Горан Тонев сè уште се хоспитализирани.

извор: slobodenpecat.mk

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести