Непродадени билети само за седум од 64 натревари од СП во фудбал во Бразил

Влезниците за само седум од вкупно 64 натпревари на СП во фудбал во Бразил се непродадени во оваа фаза, соопшти ФИФА.

Најмалку гледачи привлекле натпреварот меѓу Грција и Брегот на Слоновата Коска, Нигерија и БиХ како и Русија и Јужна Кореја.

До крајот на оваа фаза од продажбата на влезници остануваат уште пет дена, а досега се продадени 2,5 милиони влезници. Следната серија за продажба се отвора на 15 април. Светското првенство во фудбал во Бразил ќе се одржи од 12 јуни до 13 јули.

]]>

Најчитани вести