Нерешено на дуелот Виљареал – Атлетик Билбао

Последниот натпревар од 28.коло од Примера заврши без победник, откако синоќа Виљареал и Атлетик Билбао одиграа 1:1 и освоија по еден бод. Гостите беа поблиску до триумф, а не искористија и пенал во финишот на првиот дел. Ариц Адуриз не го реализираше ударот од белата точка (39.минута).

Виљареал поведе во 47.минута преку Томас Пина, додека во 83.минута Адуриз успеа да го изедначи резултатот. Домашниот тим Виљареал од 66.минута играше со играч помалку по исклучувањето на Паулиста Габриел.

Атлетик Билбао со 52 бода остана на четвртото место на табелата зад тројката Реал Мадрид (70 бодови), Атлетико Мадрид (67) и Барселона (66), а пред Реал Сосиедад кој има 46.

Виљареал е на 6.место со 45 бодови или еден повеќе од Севиља која се наоѓа веднаш зад него.

]]>

Најчитани вести