Фудбалерите на Ваљадолид не успеаја да ги освојат трите бодови на синоќешниот дуел со Леванте и останаа во опсната зона на испаѓање. Конечниот резултат на натпреварот со кој беше отворено 25.коло во Примера Дивизија е 1:1.
Виктор Кастањо во 25.минута му донесе водство на Леванте, изедначи Хави Гуера во 52.минута.
На четирите денешни дуели се среќаваат: Реал Мадрид – Елче, Селта Виго – Хетафе, Сосиедад – Барселона и Алмерија – Малага.
Утре играат: Рајо Ваљекано – Севиља, Бетис – Атлетик Билбао, Валенсија – Гранада и Осасуна – Атлетико Мадрид.
Последниот дуел од оваа рунда ќе се одигра в понеделник кога Еспањол ќе го пречека Виљареал.
Табела: Барселона 60 бодови, Реал Мадрид 60, Атлетико Мадрид 60, Атлетик Билбао 44, Виљареал 40, Сосиедад 40,.
]]>


