Невестата што пукаше на свадба ќе биде казнета со намалена плата?

Дисциплинска мерка која најверојатно ќе се сведе на парична казна од 15 до 20 проценти од платата во рок од шест месеци, но не и отказ, е опцијата која ја заговараат шефовите на секретарка на началникот на униформираната полиција во СВР Битола, Марија Ристовска-Калешковска која на својата свадба, набргу по нејзиното вработување, со ловџиска пушка од татко и, истрелала неколку куршуми во воздух, објавиПлусинфо.

– По налог на Јавното обвинителство на Република Македонија започната е дисциплинска постапка која се уште трае. Колешката Ристовска-Калешковска редовно си доаѓа на работа и ги извршува дадените задачи – вели за Плусинфо, портпаролката на битолската полиција Сања Стаматова.
Познатата битолска невеста, како што на 19 јуни изјавија од општинската организација на СДСМ од Битола пред извесно време добила и решение за работа во СВР Битола, веднаш по завршувањето на средното економско училиште.

 

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести