Нико Розберг,возачот на Мерцедес, ја освои титулата светски шампион во Формула 1.
Розберг ја започна трката за Големата Награда на Абу Даби од втората позиција, веднаш покрај Хамилтон и од почетокот до крајот извозе мирна трка. Без многу ризици и без неочекувани стратегии со пит-стопот.
На подиумот се најде и Себастијан Фетел, кој накратко беше и лидер на трката. Германецот го презема третото место од Макс Верстапен на четири круга пред крајот и успеа да го задржи освојувајќи го седмиот свој подиум оваа сезона.
Џенсон Батон за кого трката на Јас Марина беше последна во кариерата заврши во 13. круг кога поради проблеми со суспензијата, поконкретно со десниот преден пневматик, го примора предвреме да се повлече во гаражата на Мекларен.Фелипа Маса,
последната своја трка ја заврши како деветти освојувајќи ги последните свои два бода како формула 1 возач.


