Никогаш не пијте вода од пластично шише кое стоело на сонце, една работа може сериозно да го загрози вашето здравје

Загреаната течност во пластично шише може сериозно да го загрози здравјето

Никогаш не оставајте вода и други пијалоци во пластични шишиња во автомобил паркиран на сонце, бидејќи топлината го менува составот на пијалоците во нив.

Автомобил паркиран на сонце во текот на потоплите денови може да биде извор на неочекувана опасност.

Имено, ако температурата надвор е 30 степени, таа ќе достигне дури 45 во автомобилот, по само половина час мирување.

За време на вакви екстремни температури, не е пријатно дури ни да седите во автомобил, а камоли да пиете пијалок од пластично шише што било во него.

Бисфенол А и антимон

Студиите покажаа дека кога се загрева, пластичната амбалажа испушта штетни соединенија што се користат во производството на пластика, попознати како бисфенол А, кои го имитираат естрогенот во телото, предизвикуваат хормонален дисбаланс и се поврзани со многу други болести, како што е дијабетесот.

На високи температури, пластичната амбалажа предизвикува ослободување на метал антимон, кој исто така може да биде штетен за човечкото тело.

Секогаш чувајте ја пластичната амбалажа на ладни и суви места за да спречите неочекувани непријатности и проблеми за вашето тело.

Најчитани вести