Николоски: Исплатени платите на Македонски железници инфраструктура, Македонски железници транспорт и Македонски пошти

Заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска на својот Фејсбук профил објави дека е исплатена плата на Македонски железници инфраструктура, Македонски железници транспорт и Македонски пошти.

-Ветив дека 4400 вработени нема да ги оставам без плата! Плата е исплатена на Македонски Железници Инфраструктура, Македонски Железници Транспорт и Македонски Пошти. Повикувам на одговорност за претходните раководства за недомаќинско работење. Во мојата четврта недела како Министер покажувам дека може поинаку, напиша Николоски на Фејсбук.

МИА

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести