„Ние до пред две години се боревме против режим, немавме слобода по ниту еден основ, темелните вредности на уставниот поредок беа срушени ама денеска гледаме и јас како ген сек кога одам по сите општини и кога ги слушаме сите граѓани тие гласно ја критикуваат Владата , гласно ги критикуваат градочалниците , директорите меѓутоа голем дел од проблемите се решени, државата тргна, го имаме НАТО, имаме слобода, имаме демократија, имаме многу нови вредности..“, потсети генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, на дебатата „Клик Плус“ на ТВ 21.
„Граѓаните можат гласно да говорат и притоа да немаат никаква реперкусија од инспекција, од казни од закани. Така да општеството оди напред и, јас се надевам и сум еден од тие што апсолутно ја бара таа правда“, истакна Николовски.


