Искрено сакам Министерството за земјоделство, на чие чело бев до неодамна, да постигне уште подобри резултати отколку што постигнавме јас и мојот тим, иако тоа нема да биде едноставно.
Затоа ја повикувам актуелната влада на континуитет и продолжување на успешните политики, програми и мерки во земјоделството, бидејќи како претставници на граѓаните наша должност е да соработуваме за нивно добро, а ако има една стратешка работа околу која треба да соработуваме во оваа држава, тоа е производството на храна! И тука нема место за дневна политика. Треба работа од сите нас.
Уште на самиот почеток, Владата на ВМРО-ДПМНЕ го сврте грбот кон земјоделците и ја стави на коцка иднината на македонското земјоделство! Со одбивањето на трите клучни амандмани предложени од СДСМ, тие ги лишија земјоделците од досегашната воспоставена поддршка во производството на пченица преку интервентниот фонд, од авансна исплата на 30% од субвенциите предвреме и секако со кратењето на буџетот за ИПАРД повторно како во едно друго време се руши изградената доверба на корисниците кон овој европски фонд и ризикуваме од лидери повторно да станеме земја која не ги користеше европските пари и плаќаше пенали за тоа. Ова не само што ќе ги погоди земјоделците директно, туку ќе има негативни последици врз целиот сектор. СДСМ се бори за поддршка на земјоделците и модернизација на земјоделството, бидејќи тоа е клучно за напредокот на нашата земја.
За разлика од вас кои како опозиција се спротивставувавте и блокираше сè што правевме во областа на земјоделството, ние сме подготвени на вистински начин, дури и како опозиција, да ги поддржиме сите добри иницијативи и предлози кои ќе ги направат нашите луѓе побогати и поуспешни.
Фејсбук статус на Љупчо Николовски – пратеник.


