Околу половина милион евра е долгот на Македонија за членство во меѓународните организации што не го плаќала претходната влада изминатите години и поради кој на земјава и се заканува опасност од исклучување или губење на правото на глас, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостпанство, Љупчо Николовски.
Информира дека денеска почнува исплатата и на членарината во Меѓународната организација за вино, вреден околу 60.000 евра и дека претходно е подмирен и долгот кон ФАО од над 30.000 евра.
Најмногу, вкупно пет години, како што рече, не е платена членарина во Европската организација за заштита на растенијата кон која долгот сега изнесува 140.000 евра.
– Три години не е платено во Меѓународната организација за вино каде наследениот долг изнесува околу 60.000 евра, а исто толку не е плаќано и во Постојаната работна група за регионален рурален развој во Југоисточна Европа (SWG) каде вкупниот долг е 90.000 евра. До 2012 година за ФАО не се плаќало ништо. Последните години се плаќале минимални износи, а реалните долгови само се акумулирале, така што наследивме вкупен долг од 2012 досега во износ од речиси 134 илјади евра – посочи Николовски.
Тој рече дека исплатата на долговите кон мешународнитеорганизации ќе оди етапно.
Претходната гарнитура на Министерството за земјоделство, наместо да плаќа членарини во ови клучни меѓународни институции чија поддршка на Македонија и е неопходна, потрошила стотици илјади евра по основ на прекувремени часови на вработените, без да биде запазена законската регулатива за нивно најавување и следење. Поранешните министри и нивните заменици трошеле пари од службени картички за да купуваат во бутици, маркети, кафеани и спа центри, но не ги плаќање потребните обврски.
Министерството за земјодлество подготвуваат правилници со кои ќе се регулира областа.


