Сите овие споменати проекти, според него, имаат за цел да го променат начинот на размислување, да стават ред и да го подобрат животот на граѓаните. На прес конференцијата Николовски се осврна на приоритетите за борба против корупција, како дел од владиниот план „Акција 21- европски стандарди дома“.
„Новата 2021 година ќе биде антикорупциска година. Ќе водиме активна и постојана кампања за подигнување на свеста кај граѓаните, за негативните ефекти на корупцијата и за сите механизми кои им стојат на располагање за да се спротистават. Граѓаните и државата, владата, конечно се на иста страна во борбата против корупцијата. Граѓаните треба да ја препознаваат корупцијата и не треба да се плашат да ја пријават, затоа што никој не е над законот.“- повика Николовски на заедничка битка против корупцијата.
]]>


