Николовски: Викендов сум во Раштак, на гости кај Давид, вакви приказни инспирираат…

Викендов сум во Раштак, на гости кај Давид.

Тој со своето семејство одлучил да го напушти градот, и да се пресели на село, каде заедно одгледуваат 70 кози и произведуваат вкусни млечни производи во кои лично се уверив.

Поразговаравме за неговите идеи и планови, за проширување на производството, а јас го запознав со бенефитите и придобивките кои може да ги искористи од државата преку многубројните мерки.

Оваа година преку Програмата за финансиска поддршка ги зголемивме субвенциите по грло за одгледување кози.

Навистина вакви приказни инспирираат особено за млади луѓе, земјоделци, сточари, кои придонесуваат за руралниот развој и сточарството.

Секоја чест Давид!

Фејсбук статус на Љупчо Николовски – Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести