„Добро е што следната година немаме еврообврзница за враќање. Успешно ги вративме во екот на криза трите еврообврзници издадени во 2014, 2015 и 2016 година од претходната власт. Тоа беа над 1,5 милијарди евра кои успешно ги вративме што беше нотирано од сите меѓународни организации“ рече заменик-министерот за финансии Филип Николовски во „Аргумент плус“ на ТВ24.
Тој додаде дека исто така четврта година по ред се намалува буџетскиот дефицит, кој сега е предвиден на 3,4 отсто.
„Во 2020 година беше 8 проценти, потоа беше 5,6, па 4,6, оваа година ќе биде 4,5 и следната е проектирана за 3,4 проценти, односно 150 милиони евра помалку од оваа година“ рече Николовски.
Заменик-министерот објасни дека задолжувањата се прават со избирање на најдобрите финансиски инструменти со најниска камата, па наместо еврообврзница која би се издала со камата од седум отсто, нашите задолжувања се прават со камата од четири отсто.


