Јапонскиот тенисер Кеи Нишикори направи големо изненадување на АТП тенискиот турнир што се одржува во Мајами. Тој ноќеска во четвртфиналето го победи Роџер Федерер (Швајцарија) со 2-1 во сетови 3:6, 7:5 и 6:4.
Противник на Нишикори во полуфиналето ќе му биде српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Србинот влез меѓу четворицата најдобри си обезбеди по синоќешната победа над Енди Мареј (Велика Британија) со 2-0 во сетови 7:5 и 6:3.
Втората полуфинална двојка ќе биде формирана по одигрување на мечевите: Александр Долгополов (Украина) – Томаш Бердих (Чешка) и Рафаел Надал (Шпанија) – Милош Раониќ (Канада).
На женскиот дел од турнирот во полуфиналето ќе играат: На Ли (Кина) – Доминика Цибулкова (Словачка) и Серена Вилијамс (САД) – Марија Шарапова (Русија).
]]>


