ети од експлицитна политичка дискриминација, цврсто стојам на ставот дека во ниту еден член не сум го прекршила до вчера важечкиот и актуелниот закон за антикорупција. Напротив. Дополнително, сакам во оваа прилика да им се извинам на сите граѓани, познати и непознати роднини кои го носат презимето Ременски или Ташевски, а кои во минатото биле на мета на дискриминација, мобинг или непријатности, заради моето политичко делување и нивно основано илк неосновано поврзување со мене. Сакам да кажам дека имаше и случаи на лажно претставување на лице како мој сопруг, заради за мене непознати причини. Горда сум на сите блиски и подалечни роднини кои изградија успешни кариери надвор од државата исто така. Јас ја разбирам потребата од објаснување, партиски напади и обиди за девалвација, но исто така сакам да нагласам дека, нивните лекции за напотизам, корупција, кронизам и морална хипокризија не можат да бидат покриени со обвинувања, заради обвинувања. Жалам што мојата партија, медиумската и општата јавност не успејаа до крај да го разоткријат и санкционираат непотизмот на партијата кој во минатото ги удри темелите на непотистичката приватизација на државните институции преку инсталирање на цели семејства кои си шефуваат меѓусебно до ден денес. Се надевам ќе има интерес и за тоа наскоро. Фејсбук статус на Фросина Ременски]]>


