Екипата на Париз Сент Жермен оствари уште една победа, во француската Лига 1.
Парижаните славеа триумф на гостински терен против Ница со 1:0. „Светците’’ до шестата победа во низа стигнаа со голот на Едисон Кавани во 52-минута.
За ПСЖ ова е 23-та победа во Лига 1, односно 11-та на последните 12 натпревари одиграни во сите конкуренции.
На останатите натпревари од ова коло ќе играат: Сошо – Олимпик Марсеј, Ремс – Лориен, Ајачо – Тулуз, Нант – Бордо, Монпеље – Валенсиен, Евијан – Монако (сабота) и Рен – Бастија, Лил – Гингамп и Олимпик Лион – Сент Етијен (недела).
Табела: Париз Сен Жермен 76 бодови, Монако 63, Лил 54, Сент Етијен 51, Олимпик Лион 48, Олимпик Марсеј 44, Ремс 43 .
]]>


