Нов закон во Германија, ќе се доселат 300.000 луѓе надвор од ЕУ како работна сила

Шефот на германската сојузна агенција за вработување бара Германија да изготви законско решение со кое ќе се овозможи земјата да прима околу 300 илјади квалификувани работници надвор од ЕУ секоја година како би се задоволиле тековните потреби на домашната индустрија.

Законот за доселување не би имал ништо со бегалците кои би доаѓале во земјата од хуманитарни причини, туку би се однесувал на луѓето кои би требало да дојдат и да работат во Германија, нагласува тој, барајќи државата да направи критериуми за доселување на ваквите работници.

Закон кој би создавал можност за борба против недостигот на стручна работна сила би требало да се донесе во наредниот легислативен период“ – вели директорот Детлеф Штеле.

Тој информираше дека во Агенцијата веќе работи специјализиран тим кој треба да подготви решение за увоз на работна сила надвор од ЕУ.

Vrabotuvanje.com.mk

 

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести