Нов пад на цените на нафтата на светските берзи. Американската лесна нафта за испорака во мај денеска поевтини за 69 центи и на берзата во Њујорк се тргуваше по цена од 47,99 долари за барел.
Европската северноморска нафта од типот брент на берзата во Лондон поевтини за 55 центи на 55,47 долари за барел.
Во Македонија ова ниво на цените не може да донесе позитивни промени. На 9 март, кога регулаторите за последен пат ја коригираа цената, барел сурова нафта на берзата во Лондон во просек изнесуваше 54,5 долари за барел што е ниво над ова на кое се тргува нафтата денеска.
Минатата недела, нафтата во просек поевтини од 60,4 долари на 54,492 долари за барел, а во Македонија, добивме за поевтин дизел за 2 денари по литар односно цена од 53,5 денари, а бензините останаа по стара цена.


