Од новозаболените, 30 се во Скопје и 13 во Куманово, додека во останатите градови забележан е едноцифрен број на новозаболени. Така, во Кичево има осум нови случаи, во Битола седум, во Радовиш шест, во Охрид пет, во Прилеп, Кочани и Македонска Каменица по 4, Тетово, Велес, Кавадарци, Струмица, Делчево, Пробиштип и Кратово по 3, Штип и Неготино по 2 и Гостивар, Гевгелија, Свети Николе, Крива Паланка, Виница и Валандово по еден нов случај.
Од починатите, тројца се од Скопје (66г,75г и 90г), по две лица има од Битола (85г и 89г) и Струга (76г и 85г), и по едно лице од Куманово (88г), Тетово (85г), Охрид (66г), Гостивар (69г), Кавадарци (71г) и Кочани (55г).
Шестмина се починати во домашни, а останатите седум во болнички услови.
Денеска регистриани се и 2.179 оздравени пациенти од:-Скопје 924 -Куманово 189-Битола 166 -Прилеп 137 -Тетово 97 -Охрид 94 -Велес 76 -Кичево 65 -Гостивар 60 -Штип 55 -Кавадарци 43 -Ресен 41 -Гевгелија 28 -Струмица и Струга по 26 -Неготино 24 -Кочани 23 -Делчево 18 -Свети Николе 17 -Виница и Демир Хисар по 14 -Радовиш 9 -Крива Паланка, Богданци и Крушево по 8 -Македонска Каменица и Валандово по 3 -Пробиштип 2 -Демир Капија по 1.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 154.636. Бројката на оздравени пациенти е 145.606, на починати 5.197, а бројот на активни случаи изнесува 3.833. Досега во земјата се направени вкупно 753.923 тестирања.
]]>


