Нови 2.071 случаи на Ковид 19. Единаесет болни се починати, 9 во последното деноноќие

Во последните 24 часа направени се 6.010 тестови, а регистрирани се 2.071 нов случај на КОВИД-19: • Скопје – 1.047• Битола – 178• Кавадарци – 89• Куманово – 73• Тетово – 66• Гевгелија – 63• Прилеп – 47• Кочани – 42• Велес – 41• Гостивар – 39• Неготино – 37• Струмица – 33• Кичево и Ресен – по 28• Охрид, Берово и Валандово – по 25• Делчево – 24• Штип – 22• Струга и Радовиш – по 21• Свети Николе – 14• Крушево и Демир Хисар – по 11• Богданци – 10• Крива Паланка – 9• Македонска Каменица – 8• Дебар, Пробиштип, Кратово и Пехчево – по 6• Виница и Македонски Брод – по 3• Демир Капија и Дојран – по 2.

Од вкупниот број на позитивни (2.071), регистрирани се 275 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: 4 починати лица од Скопје (66г, 70г, 85г и 91г), 2 од Велес (54г, и 89г) и по едно починато лице од Гевгелија (59г), Струга (86г) и Делчево (61г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се две починати лица од Скопје (84г и 88г). Едното починато лице е пријавено со дата на смрт на 5.01.2022г, додека второто лице е на 20.01.2022г. Пријавените лица се починати во домашни услови. Од вкупниот број на починати лица (n=11), четири лица се целосно вакцинирани.

Регистрирани сe 1.450 оздравени пациенти од: • Скопје – 702• Битола- 158• Прилеп – 116• Куманово – 55• Кавадарци – 48• Охрид – 33• Штип – 30• Велес – 28• Струмица – 27• Радовиш – 26• Валандово – 24• Гевгелија – 23• Тетово – 21• Гостивар и Кичево – по 19• Ресен – 16• Кочани, Неготино и Крушево – по 14• Свети Николе – 12• Берово и Пробиштип – по 8• Струга и Крива Паланка – по 7• Богданци – 4• Пехчево и Демир Капија – по 3• Демир Хисар, Кратово, Виница и Македонски Брод – по 2• Делчево, Дебар и Дојран – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.733.866 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 252.947, бројот на оздравени пациенти е 225.056, на починати е 8.177, а бројот на активни случаи изнесува 19.714.

]]>

Најчитани вести