Нови 21 случаи заболени со Ковид 19, не се регистрирани починати пациенти

Во последните 24 часа се направени 3.227 тестирања, а регистрирани се 21 нови случаи на КОВИД-19: • Тетово – 11 • Скопје и Куманово – по 3 • Струга -2 • Гостивар и Штип – по 1.

Не се регистрирани починати пациенти. Регистрирани сe 7 оздравени пациенти од: • Скопје и Куманово – по 2 • Битола, Тетово и Кичево – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 914.381 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.823, бројката на оздравени пациенти е 150.139, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 197.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести