По неколку часовни преговори, преговарачот на Единицата за специјални задачи со помош на Алфите, спречија самоубиство на момче од село Петровец, родено 1992 година.
Момчето Н.К се заканувало дека ќе се самоубие, откако најверојатно ја задавило својата девојка, исто на покривот од клиниката.
Специјалните полициски единици успеале да го убедат 22 годишниот Н.К. да се симне од покривот, но не откриваат детали, како настапила смртта кај девојката.
Околу 20.40 часот, полицијата добила дојава дека на кровот од болницата има машко лице кое сака да се фрли. Притоа, од страна на Алфите, во негова непосредна близина забележано е женско тело во безсознание, која според информациите на полицијата најверојатно била давена од страна на машкото лице, со кое се претпоставува дека била во љубовна врска.
Од полицијата велат дека имало обид за реанимација на женското лице во Ургентниот центар, но бил безуспешен. Девојката е исто така од скопско Петровец.


