Еден неидентификуван новинар, маскиран како свештеник, се обиде да ја искористи приликата преправен во свештеник, да влезе во болничката соба во Гренобл, каде автомобилскиот ас Михаел Шумахер е во кома, им објасни на група германски новинар Сабине Кем, менаџерот на Шумахер.
“Еден човек, очигледно новинар, се обиде да влезе во собата на Махаел облечен како свештеник. Јас не можев да замислам дека на некој може такво нешто да му дојде на памет”, рече Сабине Кем.
Откако бил откриен, новинарот бил испратен од болницата.
Жерар Сајант, водечкиот париски хирург за мозок и близок пријател на Шумахер, на конференцијата повика новинарите да не попречуваат во работата на клиничкиот персонал, бараајќи интервјуа. Можно е дека притоа алудирал на споменатиот инцидент.
“Во име на сопругата на Шумахер, Корина, јас ќе побарам да не не „притискате“. Ниту ние, ниту семејството на Михаел. Можете да го направите најдоброто, Шумахер да ја освои оваа тешка битка, оставајќи ги лекарите на мира. Ние не криеме ништо”, рече Сајант.


